[ВИДЕО] Ѓоковиќ губеше 0:2, па Мусети му го предаде мечот

Макфакс

28/01/2026

09:35

315

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ беше пред елимининација од Отвореното првенство на Австралија, губеше со 2-0 во сетови кога Лоренцо Мусети го предаде мечот.

Мусети во моментот кога го предаде мечот водеше со 6:4, 6:3, а во третиот сет Ѓоковиќ имаше предност 3.1.

Новак го изедначи успехот од минатата сезона и се искачи на третото место на ранг-листата на АТП листата.

За најголемиот на сите времиња, ова е седми пат по ред да игра во финалето на Отвореното првенство на Австралија, а вкупно 13-то во кариерата (10 титули). Севкупно, ова е неговото 54-то полуфинале на Гренд слем турнирите во кариерата.

Неговиот ривал во полуфиналето ќе биде или Јаник Синер или Бен Шелтон.

Ѓоковиќ влезе добро во натпреварот, беше сигурен во своите удари и лесно стигна до 2:0, но сè брзо му се „распадна“.

Мусети не играше баш најдобро, но ги користеше подароците од другата страна на мрежата.

Италијанецот брзо од 0:2 дојде до 4:2, а потоа имаше 0:40…

Новак некако се извлече од таа ситуација, но продолжи да брза од грешка во грешка, и на крајот го заврши првиот сет со дури 15 неизнудени грешки (4:6).

Иста приказна и во вториот сет.

На почетокот од вториот сет беа видени дури три брејка, два од Мусети, а Новак брзо го зголеми бројот на неизнудени грешки на 23.

Српскиот ас ја имаше најдобрата шанса кога имаше брејк-топка на 2:3, но не успеа, му го подари гемот на противникот со грешка.

Вториот сет ја обележа драмата во последниот гем.

Мусети ја испрти топката во мрежата, 40:15 за Ѓоковиќ, сите се среќни и задоволни… Во тој момент Ѓоковиќ му призна на судијата Кјотавонг дека ја закачил мрежата. Наместо 40:15, 30:30. На крајот, Новак го загуби тој гем, беше 0-2