Паоло Малдини остави неизбришлива трага во италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал и дефинитивно не е лесно да се биде негов наследник на фудбалските терен.
Неговиот син Даниел не игра на истата позиција како него, меѓутоа засега не успева да се наметне и да ги оправда високите очекувања, па е на добар пат да промени уште една средина.
Младиот Малдини тргна во Милан потоа настапуваше во Специја, Емполи и Монца како позајмејн играч за да во 2024 направи перманентен трансфер кај последниве. Таму не се задржа премногу и во 2025 година премина во Аталанта каде се очекуваше да направи исчекор во кариерата затоа што составот од Бергамо е познат како клуб кој промовира млади играчи, ги носи на друго ниво и потоа доаѓа до траснфер за сериозна сума на пари.
Меѓутоа офанзивецот не остави белег, не се го прикажа тоа што се очекуваше и како што стојат работите ќе си замине во овој преоден рок и тоа во Лацио.
Лацијалите преговараат за негова позајмица со опција за отпуп. Клубот од Рим ќе плати 1 милион евра за заемот и ќе може потоа да го откупи за 13-14 милиони евра.
Повремениот италијански репреезнтативец во тековнава кампања настапи на 11 мечеви и забележа 1 асистенција во Копа Италија.








