Кин извлече брутален заклучок за Карик по втората голема дерби победа во период од осум дена

Дерби

26/01/2026

13:56

326

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед ги победи двата најдобри тима во Премиер лигата во период од една недела, а изданието со кое тимот се прикажа и на тешкото гостување на „Емирејтс“ почна да ги тера дел од фановите да извлекуваат позитивни заклучоци на работата на Мајкл Карик уште после неполни две седмици.

Карик го презема тимот во турбулентен период и доби за задача да ги води „ѓаволите“ до крајот на сезоната, но дефинитивно ќе се отвори простор и за долгорочен договор ако продолжи да остварува резултати како овие против Сити и Арсенал, но особено ако тимот продолжи да игра како на последните два меча.

Новиот предводник на тимот се израдува на триумф од 2:3 во Северен Лондон и се погрижи за импресивни „два од два“ на стартот, а ако ова беше доволно за дел од фановите да ја ставаат во прв план неговата добро завршена работа, легендарниот Рој Кин ја гледа пошироката слика.

Легендарниот капитен на „ѓаволите“ смета дека Карик никако не смее да добие долгорочен договор од Јунајтед, бидејќи според него, тој не е профил на менаџер кој ќе го врати Манчестер на патот кон титулите.

– Карик оствари два големи резултати, но тоа се само два големи резултати. Дур и ида победи на сите натпревари до крајот на сезоната, тој не треба да ја добие работата.

– Едноставно мислам дека на тимот и на клубот му требаат поголем, подобар и поискусен менаџер. Едноставно тоа е моето мислење. Карик може да победи на секој меч до крајот, очигледно е дека сега ужива во работата, но ако се погледне големината на клубот и предизвиците кои треба да бидат поставени за следните години, потребен е менаџер кој ќе освојува титули. Јас не верувам дека тој е човекот кој ќе го врати Јунајтед кон победничкиот пат кој носи и титули, – брутално порача Кин.