Закажа четвртфинална битка со Ѓоковиќ и испрати порака: Време е да му се реванширам…

Дерби

26/01/2026

12:55

267

Големина на фонт

а а а

Поранешниот светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ го доби ривалот за четвртфиналната рунда на Аустралијан Опен, а тоа е играчот кој перфектно му одговара и потврда за тоа е учинокот од 9-1 во меѓусебните дуели.

Се работи за Лоренцо Музети кој рано утрово многу лесно се справи со Тејлор Фриц совладувајќи го во три сета со 6:2, 7:5, 6:4 по два часа игра.

Ова е резултат, партија која го мотивира Италијанецот кој смета дека е време да до добие и Ѓоковиќ, поточно да му се одмазди, реваншира за некои порази од минатото.

- Играњето со Новак е секогаш предизвикувачко, особено тука каде што го има освоено трофејот толку многу пати и ги знае условите. Мислам дека ќе биде тежок натпревар. Се чувствува добро, досега не изгубил сет, а сега има неколку слободни дена. На таа возраст, веројатно беше среќен поради тоа – да биде подобро подготвен за четвртфиналето. Игравме многу пати еден против друг, јас победив само еднаш, се надевам дека е време за реванш бидејќи бев блиску во Атина, - рече Музети.

Последниот меч беше во финалето во Атина, турнир на кој победата ја однесе Србинот.

- Како што реков, беше тесен меч. Имав шанси, но не бев доволно смирен за да го победам. Сега морам да имам подобар ментален пристап, да одам на победа, да играм за победа, а не само да играм, додаде Италијанецот.