[ВИДЕО] Переира имал спаринг со „Онлифенс“ модел: По неколку секунди била на подот

Точка

23/01/2026

16:46

863

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Алекс Переира на почетокот од годината ја објави врската со колешката Трејси Кортез, но како што забележале некои обожаватели таа романса бргу завршила – побрзо и од некои негови борби.

Недолго по раскинувањето, новата снимка со холандската инфлуенсерка поттикнала нови гласини за неговиот љубовен живот.

Вера Дијкманс, холандската инфлуенсерка и ѕвезда на „Онлифенс“ платформата каде што објавува свои разголени фотографии споделила видео од лесен спаринг со УФЦ шампионот, но на кое брзо завршила на подот. Иако Дијкманс не се занимава со боречки вештини професионално, се чини дека тренира за да остане во форма.


Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а беше објавено и на Редит со натпис: „Честитки до Алекс Переира. Ви ја претставуваме неговата нова дама“. Сепак, важно е да се спомене дека нема конкретни докази што потврдуваат дека Переира и Холанѓанката се во романтична врска, но тоа не ги спречи обожавателите да шпекулираат.