Наполи испрати две летни засилувања на заем, Елмас доби нов соиграч од италијански ривал

Дерби

23/01/2026

11:23

928

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот шампион Наполи направи конкретни чекори во актуелниот преоден рок, привремено откажувајќи се од двајца фудбалери, односно договарајќи заем на фудбалер на Верона.

Откако и претходно беше најавено дека Ноа Ланг ќе замине во редовите на Галатасарај, утринава е потврдено дека на заем оди и Лоренцо Лука, кој до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Нотингем Форест.

Двајцата фудбалери треба да ги минат и лекарските прегледи пред да бидат промовирани во новите клубови, додека Наполи се откажа од услугите на двајца фудбалери кои беа доведени во последниот преоден рок.

Истовремено, Антонио Конте добива свежа крв во одбраната и тоа со ангажирањето на Џоване од редовите на Верона, бразилски фудбалер за кој Наполи по крајот на сезоната ќе треба да плати 20 милиони евра.

Нотингем и Галатасарај немаат обврска да ги откупат договорите на Лука и Ланг, но предвидена е опција за такво нешто со плаќање на 40, односно 30 милиони евра.