Дојче Телеком повторно се најде меѓу најуспешните и највредните брендови во светот. Ова го потврдува студијата „Brand Finance Global 500“, објавена од водечката консултантска куќа за вреднување брендови Brand Finance на Светскиот економски форум во Давос.
Според студијата, Дојче Телеком останува најсилниот телекомуникациски бренд во светот и дополнително ја зголемува својата предност во однос на конкурентите Verizon и AT&T. Компанијата го зазеде силното единаесетто место на севкупната ранг-листа. Во Европа и во Германија, T останува убедливо број еден меѓу корпоративните брендови. Дојче Телеком е единствената европска компанија застапена меѓу првите 20 највредни брендови во светот. На врвот на глобалната листа се наоѓа Apple, по кој следуваат Microsoft, Google и Amazon.

Успешниот резултат на Телеком се темели на моменталната вредност на брендот, која е највисока во историјата на компанијата. Според студијата, таа изнесува 96,2 милијарди американски долари. Зголемувањето во однос на вредноста од претходната година (85,3 милијарди американски долари) изнесува 12,8 проценти, што претставува рекордно зголемување од приближно 11 милијарди американски долари. Од 2020 година наваму (39,9 милијарди американски долари), вредноста на брендот на Дојче Телеком е зголемена за 141 процент, односно повеќе од двојно.

Brand Finance го припишува повторното значително зголемување на вредноста на брендот на Дојче Телеком на доследното управување со брендот, како и на позитивниот економски и технолошки развој на компанијата. Континуираниот раст во САД и во Европа извршил особено позитивно влијание. Клучните фактори како иновациите, корисничките услуги, односот цена–квалитет, препораките од корисниците и довербата исто така имаат централна улога во овој успешен развој. Дојче Телеком уште еднаш успеа да импресионира во сите овие области на сите различни пазари на кои е присутен. Доследното меѓународно присуство на брендот дополнително ја зајакнува неговата перцепција како глобален играч.
Македонски Телеком е дел од Групацијата Дојче Телеком 25 години и ги носи на пазарот најсовремените решенија и услуги за корисниците и за дигиталниот развој на земјата.
Brand Finance е глобално активен, независен институт за вреднување и анализа на брендови со седиште во Лондон. Институтот објавува ранг-листа на 500-те највредни брендови во светот, врз основа на нивната вредност изразена во американски долари. Вредноста на брендот се пресметува врз основа на надоместоците за лиценци што една компанија би морала да ги плати доколку не би била сопственик на брендот. Повеќе информации за студијата „Brand Finance Global 500“ може да се најдат на www.brandfinance.com или https://branddirectory.com/global.
Комерцијален текст
















