Германскиот интернационалец, Марк-Андре Тер Штеген и официјално си замина од Барселона, клубот за кој настапуваше од 2014 година.
По 12 години, 423 натпревари и 20 освоени трофеи, Тер Штеген го напушта „Камп Ноу“, ама останува во Шпанија и тоа во блиското соседство. Искусниот голман се сели во редовите на Џирона и тоа како позајмен играч до крајот на кампањата, средина во која ќе може да ја врати посакуваната форма пред Светското првенство кое е на програмата ова лето.
Тој останува под договор со Барса до 2028 година, но тешко дека одново ќе го облече дресот на оваа екипа или поточно прашањето е дали и во иднина ќе биде дел од Џирона или од некој друг клуб.
Марк има 33 години што значи има простор и во наредниот период да биде дел од значаен клуб со амбиции.








