Помина речиси една година откако Рафаел Надал замина во пензија, а сите се прашуваат како славниот тенисер живее денес.
Откако се пензионираше, Рафаел Надал ретко се појавува во јавноста, па неговите фанови се загрижени. Многумина се прашуваат каде е и како моментално живее.
Додека Рожер Федерер се појавува на ревијални натпревари, од Надал ни трага ни глас. Откако го напушти тенискиот терен, како во земја да пропаднал.
Во едно интервју открил како ги поминува пензионерските денови. Надал рекол дека е задоволен од животот во пензија и дека шест месеци не зел рекет во рацете.
Тој сега се посветил на семејството, но и на деловните потфати, хуманитарната работа и работата во тениската академија.
„Се забавувам. Не ми недостасува многу тенисот поради тоа што мислам дека дадов сѐ што имав. Направив сѐ што можев за да имам најдобра кариера и сега уживам во новата фаза од животот за која сум сигурен дека ќе биде помалку возбудлива од тениската кариера“, додал тој.
Поранешниот светски број еден, Рафаел Надал, одлучил дека богатството стекнато во тениската кариера ќе го вложи во хотелски бизнис.
„Поранешниот светски број еден ќе учествува во повеќемилионска инвестиција во Аргентина низ градење на седум луксузни хотели на разни популарни туристички места“, открил извор.
Сепак, неговите фанови ќе ги израдува информацијата дека наскоро ќе се појави на еден натпревар којшто е од ревијален карактер.
Во едно видеообраќање Надал најавил доаѓање во Австралија и настап на турнир со наслов „Ноќта на легендите“.
Она што привлекло внимание е неговото лице. Многумина се запрашале што му се случило затоа што изгледа видно постаро отколку што навистина е.

Надал има 39 години, а луѓето се обидуваат да сфатат како шпанскиот тенисер толку многу остарел, особено кога ќе се спореди со својот најголем ривал Новак Ѓоковиќ којшто изгледа подобро од кога и да е.














