[ФОТО] Парот за кој најмногу се зборува предизвика „земјотрес“ во Давос: Политичарите останаа во втор план, сите трчаа по нив

Точка

20/01/2026

21:00

1.156

Големина на фонт

а а а

Годишниот самит на Светскиот економски форум во Давос отсекогаш бил полигон за посериозни политички и економски преговори. Меѓутоа, оваа година, тој „бал на моќниците“ се претвори во најобичен холивудски сет.

Сите очи на светот, сите блицеви на фотографите и сите шепоти во кулоарите беа резервирани само за еден пар: поп-иконата Кејти Пери и, според многумина, најхаризматичниот политичар на денешницата, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.

Џастин Трудо одржал говор на форумот, зборувајќи за глобални теми како што се дипломатијата, меѓународната соработка и улогата на „мека моќ“. Пери седела во првиот ред, слушајќи го Џастин.


Објаснил како одредени актуелни светски лидери користат форми на „тврда моќ“ и повика на спротивен пристап во денешната клима, напоменувајќи дека обединувањето на нациите е по продуктивно за светот во целина.

Политичарите станаа невидливи

Во моментот кога Кејти (41) и Џастин (54) стапнаа на снегот покриените улици на Давос, држејќи се цврсто за раце и разменувајќи насмевки, се случи нешто многу интересно. Луѓето кои управуваат со милијарди долари и судбините на држави буквално останаа без рефлектори.

Додека во главните сали се подготвуваа судбински говори за трговски војни и глобална криза, ходниците се испразнија. Сите блицеви беа свртени кон парот кој изгледаше како токму да слезе од насловницата на „Вог“, а не како да дошол на економски самит. Политичката елита, навикната на апсолутно внимание, одеднаш се најде во улога на статисти во својот сопствен филм.


Во тој момент сите заборавија и на проблемите со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ закани на Европа со нови санкции.

Додека лидерите се зноеја од стрес поради економските прогнози, Кејти и Џастин полека шетаа, уживајќи во вниманието кое толку дрско ѝ го одземаа на светската елита.


Геополитиката остана во сенка на Кејти Пери и Џастин Трудо

Трудо и блескавата Кејти, која минатата година се раздели од Орландо Блум, станаа хит на годинашниот Давос.


Давос 2026, покрај тежоките глобални теми, ќе остане запаметен и по моментот кога се појави овој гламурозен пар.