Популарниот пејач Дарко Гелев-Брејк, после подолго време даде интервју во кое првпат искрено проговори за сите предизвици со кои се соочил низ годините.
Пејачот којшто е најпознат по хитовите „Во бестрага“ и „Долго чекав“, гостувал во телевизискиот магазин „Животна приказна“ на „Слободен печат“ каде си ја отворил душата и зборувал за првиот брак, за смртта на неговите најблиски, но исто така и за неговите деца.
Зборувал и за својот најтежок период во животот и кажал дека посетувал и психијатар.
„Сите ние имаме потреба од психијатар. Јас често одев, особено во процес на првиот развод, специјално одев. По разводот, јас посебно одев поради пристапот кон детето кое тогаш имаше 8-9 години. Беше силно развиено дете, па додека влезе во пубертет, шок му направивме. Одев за да знам како да се однесувам, како да возвратам“, изјавил пејачот.
Зборувал и за својата поранешна сопруга Драгана:
„Ние со Гага немавме турбуленции, немавме некои кавги. Едноставно многу млади бевме, некако чудно. И разводот ни беше некако детски, детски се разделивме, немаше циркуси. Но, имавме едно најубаво детенце направено кое и ден-денес нѐ прави горди, двајцата водевме сметка да биде океј за него. Така што, убаво е да се оди на психијатар“.

Освен тоа, Брејк зборувал и за загубата на татко му кој ненадејно починал пред 10 години, седејќи во ресторан со пријатели откако му се откачил тромб.
„Ужасно беше, за мене тоа беше голем шок. Немав ни солзи да заплачам. Не можев долго време да спијам, но едноставно учиш да живееш со болката“.









