[ФОТО/ВИДЕО] Путин го одбележа Богојавление со капење во ледена вода: Трипати нурна и се прекрсти

Точка

19/01/2026

14:28

952

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Владимир Путин присуствувал на богојавленското капење.

„Владимир Путин, како и секоја година, традиционално се искапи. Богојавление е за него, како и за сите православни кои работат во Кремљ, голем празник. Тој обред многумина го почитуваат“, изјави Песков.

Снимката од богојавленското капење на Путин ја објави и директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален пратеник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство, Кирил Дмитриев, со порака: „приклучете ѝ се на Русија во борбата против станизмот“.

На снимката се гледа како Путин трипати нурнал во водата, а по секое нурнување се прекрстил. Потоа излегол од водата и го завршил обредот.

Како што рече Песков, многумина го почитуваат овој обред, но, секако, има и такви кои не го прават тоа.


„Станува збор за многу лична работа“, наведе Песков.

Освен Путин, по повод Богојавление во ледена вода се избања и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Инаку, православните верници ширум светот денес го одбележуваат Богојавление (Водици), празник кој го слави крштевањето на Исус Христос — денот кога Св. Јован Крстител на реката Јордан го крстил Христос, со што започнала неговата мисија на проповедање на христијанството.