[ВИДЕО] Ослабе 30 килограми, па ги откри грешките поради кои имала прекумерна тежина

Точка

17/01/2026

14:12

866

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи често кружат совети за слабеење, но една инфлуенсерка привлече внимание затоа што објави многу конкретен список на работи кои, како што вели, со години ги правела – и поради кои останувала со прекумерна тежина. Кристина Никол тврди дека денес е „најслаба во животот“ и дека има околу 62 килограми, а потоа ги наброи навиките кои ја саботирале и поради кои тежела околу 90 килограми.

„Јадев премногу здраво“ – но всушност премногу калорично

Вели дека долго време мислела оти е „супер здрава“ бидејќи бирала здрави опции, но воопшто не внимавала на калориите. Пример за тоа се смутијата што ги нарачувала убедена дека се фит-избор, а подоцна сфатила дека некои од нив имаат и околу 800 калории. „Калориите се крал“, порачува таа, додавајќи дека и денес јаде здраво, но оброците ги приспособува за да не бидат „калориски бомби“.

Опсесија со теретана, а седечки живот надвор од неа

Втората грешка била уверувањето дека „теретаната решава сè“, додека остатокот од денот го поминувала седејќи. Вели дека неколку часа неделно во теретана не можат да ја поништат фактот дека поголемиот дел од времето е неактивна. Заклучокот: не е поентата само да се тренира, туку да се живее поактивно.


Постојано грицкање, дури и кога не е гладна

Третата навика што ја саботирала било постојаното грицкање и јадење „во лет“ – малку од ова, малку од она, залак тука и залак таму. Иако ѝ се чинело дека јаде малку, на крај сè се собирало.

Кога јаде надвор, мора да биде „најдоброто и најтешкото од менито“

Вели дека одењето во ресторан го доживувала како причина да нарача најдекадентно и најкалорично јадење, затоа што ѝ било жал да „фрли време или пари“ на нешто просечно. Денес, вели, приоритетите ѝ се сменети и не ѝ вреди подоцна да се чувствува надуено и лошо – иако не тврди дека таква храна „никогаш не треба да се јаде“.


Чувство на "FOMO" поради храна

Петтата ставка е „стравот дека ќе пропушти нешто“. Вели дека, дури и кога веќе јадела вечера, прифаќала да оди по брза храна ако некој предложел – а понекогаш се правела дека не јадела, само за да „не ја пропушти“ можноста.

Опсесивно гледање мукбанг видеа и содржини за храна

Шестата навика звучи необично, но станува сè почеста: со часови гледала мукбанг содржини и видеа со рецепти, без разлика дали се работело за „здрава“ или „нездрава“ храна. Дури подоцна, вели, сфатила колку тоа било претерано.


„Почнувам диета од понеделник“

Седмата грешка било поставувањето датум за почеток на диета. До тој датум, вели, „се јадело сè“, затоа што мислела дека наскоро почнува со промена, но диетата никогаш не се одржувала – па циклусот се повторувал, а тежината растела. Нејзиниот заклучок е едноставен: ако треба да се почне, подобро е да се почне веднаш, отколку постојано да се одложува.