[ФОТО] Ќерката на Ким Кардашијан има нови „украси“ на телото: „Ова веќе отиде предалеку“

Кармин

16/01/2026

08:20

705

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Ким Кардашијан, Норт Вест, се заканува да стане поконтроверзна од познатите родители кои станаа познати по тоа.

Откако со денови нејзиниот изглед беше главна тема бидејќи многумина веруваат дека изгледа многу постаро, а има само 12 години, таа продолжува да шокира.

Нодамна ги воодушеви сите со украсите за заби што ги покажа, а сега откако си направи свој Инстаграм профил, имаме можност многу почесто да „уживаме“ во нејзините објави.


Норт во последната објава на Инстаграм покажа нов накит - два пирсинзи на прстите, а позирала во целосно црна облека, носела и импресивни црни очила како и препознатлива сина перика. Сепак, главната ѕвезда на аутфитот е пирсингот.

„Таа има само 12 години, ова навистина отиде предалеку“, „Дали Ким го гледа ова“, „Како е можно да ѝ е дозволено да го прави ова“, беа само дел од коментарите на следбениците.


Ким претходно нагласила дека ја поддржува својата ќерка во сè и нема да ја попречува нејзината креативност. Исто така е познато дека претходно Норт најчесто носела „привремени украси“, па затоа не е познато дали овие два пирсинзи се вистински.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk