[ФОТО/ВИДЕО] Кросовер со турбо-бензинец за 5.300 евра?! Можно е

Точка

16/01/2026

07:28

1.005

Големина на фонт

а а а

Индискиот производител „Tata“ го претстави редизајнираниот модел „Punch“ за 2026 година, покажувајќи дека и поволните SUV модели можат да понудат сериозна технологија и посилен погон.

Освежениот „Tata Punch“ ја задржа пристапната цена, која во Индија започнува од околу 5.300 евра. Дизајнерски, „Punch“ сега повеќе наликува на поголемиот „Harrier“.

Предниот дел доби поделени LED светла, поробустен браник и заштита на подвозјето, додека на задниот дел нова LED лента ги поврзува стоп-светлата.


Новитет се и 16-инчните алуминиумски фелни, како и четири нови бои на каросеријата.

Димензиите останаа исти – должината на возилото изнесува 3.827 мм, но клиренсот е зголемен на 193 мм.


Како што се наведува, „Punch“ може да совлада водени препреки со длабочина до 400 мм, што е важно за лошите патишта и тешките временски услови кои се чести во Индија.

Во кабината се издвојуваат новиот мултимедијален екран од 10,25 инчи и дигиталната инструмент-табла од 7 инчи, заедно со редизајниран волан и контроли за клима-уредот.


На листата на опрема се наоѓаат камера со 360 степени, кровен отвор, безжично полнење за телефон и аудио-систем со осум звучници.

Иако нема напредни асистентни системи за возење, сериски доаѓа со шест воздушни перничиња.


Најголемата новина се крие под хаубата. „Tata Punch“ конечно доби 1,2-литарски турбо-бензински мотор од моделот „Nexon“, со 120 коњски сили, спарен со шестстепен мануелен менувач.

Во понудата останува и атмосферскиот 1,2 мотор со 88 коњски сили, како и верзијата на бензин/CNG, додека наскоро се очекува и редизајнираниот електричен „Punch EV“.

Компанијата „Tata“ објави и видео од тест за судир, со кое сака да покаже дека, иако евтин, овој SUV е многу безбеден.

Цената на најскапата верзија во Индија изнесува околу 9.000 евра, а меѓу главните ривали се модели како „Suzuki Ignis“, „Hyundai Exter“, „Renault Kiger“ и „Nissan Magnite“.