Пике во свој стил го „поздрави“ новиот неуспех на Реал Мадрид

Дерби

15/01/2026

13:59

336

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид неочекувано се лизна и го заврши настапот во Купот на Шпанија за натпреварувачката 2025/2026.

„Кралевите“ загубија од второлигашот Албасете со 3-2 во меч во кој двапати се враќаа во игра, но немаа одговор за последниот удар на домаќините кој дојде во 94 минута.

Со ова Реал во рок од неколку дена доживеа два удари и ги загуби шансите за два трофеи, прво загуби од Барселона во финалето на Супер Купот, а потоа се случи и новото разочарување во Копа Дел Реј.

Некогашниот ас на каталонците, Жерард Пике во свој стил го поздрави новиот резултат, неуспесите на Реал и пред се „топ дебито“ на Алваро Арбелоа со кого никогаш не бил во добри односи.

- Одлично деби на новиот Мадрид, - напише Пике на Твич.