Ќерките на познатиот актер водат онлајн војна поради момче: Помладата тврди дека постарата лаже

Точка

15/01/2026

13:09

849

Големина на фонт

а а а

Лола Шин (20) проговорила откако нејзината постара сестра Сами Шин (21) на ТикТок сугерирала дека Лола тајно се гледа со нејзиното поранешно момче.

Ќерките на Чарли Шин и Дениз Ричардс во текот на последните денови размениле обвинувања во серија објави, а Лола инсистира дека немало романса.

ТикТок обвинувања

Сами рекла во видеото објавено на 13 јануари дека нејзината сестра и поранешното момче биле во контакт „зад нејзиниот грб“. Во видеото напишала: „Замисли да откриеш дека твојата сестра и поранешното момче цело време се гледале зад твојот грб“.


Одговорот на Лола

Еден ден подоцна, на 14 јануари, Лола објавила одговор (кој подоцна го избришала) и цврсто ги негирала обвинувањата.

„Никогаш повеќе нема да се бранам од сестра ми затоа што искрено не ми е гајле. Но, не можев да го пуштам ова да помине“, почнала таа, а потоа продолжила: „Ова воопшто не е вистина. Јас сум слободна, не се допишувам со никого и дефинитивно не излегувам со нејзиното поранешно момче“.

Лола објаснила и како, според неа, воопшто дошло до целата ситуација: таа тврди дека нивната мајка Дениз го ангажирала поранешното момче на Сами да ги чува кучињата и да помага низ куќата, поради што тој бил таму практично секој ден.


„Не дека некому му е грижа, но вистината е дека мајка ми го вработила… тој работел за неа речиси секој ден“, рекла таа, додавајќи дека неодамна морала привремено да се врати дома. Според неа, нејзината мајка потоа му дозволила да се пресели во куќата – „спроти нејзината соба“.

„Апсолутно никогаш не би била со поранешното момче на сестра ми“, нагласила таа. Признала дека размениле само неколку реченици, коментирајќи дека е тешко „целосно да се игнорира некого“ кој буквално е под твојот покрив. Додала и дека таа и Сами „сакаат сосема различни типови мажи“ и дека се чувствува заробена во ситуацијата врз која има мало влијание сè додека не најде друго место за живеење.


Таа, исто така, ја критикувала својата сестра за тоа што „објавува работи за неа“ без контекст за да ги сврти луѓето против неа.

Конфликтот трае со месеци

Нивниот однос е затегнат веќе некое време. Дениз Ричардс откри во март 2025 година, за време на премиерата на реалното шоу „Denise Richards & Her Wild Things“, дека нејзините најстари ќерки воопшто не разговараат. Таа, исто така, во тоа време рекла дека Лола го пропуштила семејниот одмор поради кавга со Сами.


„Лола не сакаше да дојде затоа што таа и Сами се караат – воопшто не разговараат“, рекла Ричардс, додавајќи дека не ги знае сите детали, но дека Лола „останала пријателка“ со поранешното момче на Сами.

Во своите признанија во емисијата, сестрите веќе изнеле сосема спротивни верзии. Лола тврдела дека Сами „секогаш имала во главата“ дека таа ѝ го посакува момчето, додека Сами возвратила дека Лола и нејзиното поранешно момче „зборувале за неа зад грб“ и дека тоа е „кршење на женскиот кодекс“.

„Ги запознав!“, инсистирала Лола, тврдејќи дека Сами очекувала таа целосно да го исклучи од друштвото и да ги напушти собирите доколку тој е таму. Сами истакнала дека таа никогаш не би го направила тоа на пријател, а камоли на нејзината сестра.