Маска за лице против акни од само една состојка: По 15 минути, кожата ќе ви биде чиста, мека и блескава

Кармин

14/01/2026

21:17

282

Големина на фонт

а а а

Да имате убава и негувана кожа без акни и мозолчиња не е само прашање на генетика, туку подразбира и добра рутина за нега на кожата која се состои од чистење, пилинг и хидратација на лицето.

Иако можете да закажете козметички третман кај професионалци, сепак постојат работи што можете да ги направите и сами, а резултатите се подеднакво ефикасни.

Еден од најчестите проблеми со лицето се акните, кои настануваат кога маста, мртвите клетки од кожата и бактериите ќе ги затнат порите, што може да резултира со митесери, бели точки, мозолчиња или јазли на кожата.


Доколку имате проблем со акни, погледнете што треба да содржи домашната маска за лице, со чија помош на едноставен начин ќе ги отстраните акните и мозолчињата од вашето лице.

Како што пишува „Healthline“, протеините во белките можат да помогнат во уништување на бактериите на кожата и во спречување на појавата на дамки.

Како сами да направите маска за лице против акни?

Одвојте 1 белка од јајце во чист сад.

Изматете ја белката со виљушка или маталка додека да стане пенеста.


Нанесете тенок слој на чисто и суво лице (избегнувајте ја областа околу очите).

Оставете да делува 10 – 15 минути, додека да се исуши.

Исплакнете со млака вода, па нанесете хидратантен крем.

По потреба, маската може да се користи 1 – 2 пати неделно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk