Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на 76-годишниот О.С. од Тетово, кој починал на местото на несреќата.
Лекар констатирал смрт, извести МВР.
При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.








