[ФОТО] Српските монаси на Света Гора речиси 10 години не виделе вакво нешто

Точка

14/01/2026

09:52

2.174

Големина на фонт

а а а

Во манастирот Хиландар на Света Гора (Грција) синоќа паднал снег кој ги израдувал српските монаси, кои скоро 10 години немале прилика да видат снег за време на божиќните празници.

„Ова е вистинска реткост на Атос и предизвикува голема радост меѓу Светогорците. Монасите се сеќаваат на последните снежни врнежи пред Божиќ во 2017 година“, стои во објавата на официјалниот инстаграм-профил на манастирот Хиландар.

Во 2017-та година, дури и најстарите монаси, кои на Света Гора живеат во ова српско светилиште основано во 1189 година, беа воодушевени од снегот, кој тогаш наврнал речиси половина метар.


Како што беше најавено, силниот студен бран оваа зима не ја заобиколи ниту Грција, носејќи пад на температурите, обилни снежни врнежи, мраз и силни северни ветрови низ целата земја.

Иако климата на Света Гора е медитеранска, зимите таму се остри, влажни и ветровити. Нејзините ридови, заливи и долини се покриени со многу густа вегетација, додека повисоките предели понекогаш се белат во зима, но ваков снег никој не очекуваше.