Самонаречениот „временски патник“ во последниве месеци добива илјадници прегледи на ТикТок. Тој тврди дека доаѓа од 2501 година и дека се вратил во 2026 година за да го спаси човештвото.
Во своите објави тој тврди дека е „последниот човек на светот“ и дека „човековиот вид го чека целосно исчезнување“. Иако неговите тврдења звучат како предупредување и апокалиптична слика од иднината, голем број корисници неговата содржина ја следат заради забава.
Според најавите на „временскиот патник“, 2026 година треба да го означи почетокот на глобалното распаѓање. Тврди дека поголем дел од жителите на Земјата одеднаш ќе почнат да се чувствуваат лошо без никаква медицинска причина, дека луѓето ќе патат од несоница и хроничен умор и дека сето тоа многу брзо ќе се шири. Во продолжение изнесува тврдења за суштества кои наводно живеат под Земјината површина и подолго од што постои човештвото, а кои, како што вели „полека се будат“.
Америка се распадна пред неколку дена
Самонаречениот „временски патник“ тврди и дека научниците погрешно ќе ги толкуваат сигналите на тоа будење, припишувајќи го на земјотресите и поместувањето на тектонските плочи, додека пак властите, според неговите зборови, ќе го забранат пристапот во делови на океаните затоа што ја „знаат вистината, но ја кријат“.
Во неговите објави се спомнува и наглата промена на бојата на небото, која како што наведува, секојпат ќе носи разорни невремиња какви што светот не видел.
Во низата апокалиптични предвидувања, тврди и дека САД се распаѓаат, дека повеќе сојузни држави прогласуваат независност и дека ќе избувне голема војна. Тој кажал и дека годинава ќе започне граѓанска војна и тоа откако САД, според неговите зборови, ќе ја анектира Канада.
Тврдења и докази
Зборува и за авионите кои исчезнуваат во Бермудскиот триаголник и повторно се појавуваат на радарите две години подоцна, а дека патниците не остареле ниту се свесни за протокот на времето. Како што веќе и самите забележавте, очигледно е дека овој „забавувач“ ја гледал серијата „Manifest“.
За крај тој најавува голем метеорски дожд којшто наводно го носи вонземјанскиот живот и го означува почетокот на инвазијата. Овој тиктокер успеал да ги собере речиси сите теории на заговор во видео од неколку секунди.










