Диетата на Тито ја составиле врвни експерти од тоа време: Еве како изгледа неговото мени за еден ден

Кармин

14/01/2026

09:10

2.096

Големина на фонт

а а а

Исхраната на Јосип Броз Тито е детално опишана во една интересна книга, која нуди увид во тоа какви биле неговите дневни оброци и гастрономските навики.

Гастрономските сеќавања од претседателската кујна се објавени во книгата со наслов „Менија на познати личности – Како јадеше Јосип Броз Тито“, во која е наведено дека претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) важел за вистински гурман.


Сепак, бидејќи понекогаш знаел и да претерува со храната, за него бил подготвен посебен нутриционистички режим, зад кој стоеле врвни лекари и готвачи од тоа време.

Нутриционистот кој го следел Тито со децении

Бранко Трбовиќ целиот свој работен век го поминал како нутриционист на патувањата со претседателот на Југославија, како во земјата така и во странство. Повеќе од 30 години бил шеф на кујната во Белиот двор, на бродот „Галеб“, во „Синиот воз“, како и во странските резиденции и одморалишта.

Сите тие искуства подоцна ги обединил во книгата „Менија на познати личности – Како јадеше Јосип Броз Тито“, пренесува порталот „Нова“.


Оваа колекција не претставува само избор на јадења од светските кујни, туку и своевидна „гурманска слика“ на една политика и еден начин на живот, во која со духовитост и јасност се опишани карактерите и човечките навики на познати личности.

Пример од дневното мени на Тито

Диетата била составена и надгледувана од професор д-р Беровиќ, а ја спроведувале Стипе Радовановиќ и Божо Вујиќ. Храната ја подготвувала шефицата на кујната Герица Иво, додека за послужување бил задолжен Владо Ќириќ.

Појадок

• Црно кафе – 140 мл

• Шлаг – 20 г

• Бел леб – 20 г

• Путер – 5 г

Во 11 часот:

• Пилешки желудници во супа – 100 г

• Бел леб – 20 г

Вкупно: 115 калории

Ручек

• Запечени телешки гради – 120 г

• Масло – 5 мл

• Пржен компир – 50 г

• Вргањи во оцет – 20 г


• Зелена салата – 30 г

• Црвена зелка – 30 г

• Масло – 5 мл

• Црн леб – 20 г

Десерт

• Кнедли со сливи

o сливи – 20 г

o компир – 20 г

o брашно – 5 г

o шеќер – 5 г

o ¼ јајце

Вкупно: 589 калории

Во 16 часот:

• Јогурт – 114 калории

Вечера (во Добановци)

• Говедска супа – 150 мл

• Поширано јајце

• Ражничи

o пилешко бело месо – 50 г

o сафалада – 40 г

• Помфрит – 20 г

• Масло – 5 мл

• Салата

o кисела зелка – 50 г

o кисела пиперка – 50 г

o масло – 5 мл

Десерт:

• Јаболка – 100 г

Вкупно: 392 калории

Во 21 часот:

• Сафалада – 150 г



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk