Францускиот фудбалер Тиери Анри ѝ го честиташе роденденот на својата партнерка Андреа Рајачиќ со објава на Инстаграм. Покрај неколку заеднички фотографии од патувања, тој напишал: „Среќен роденден на мојата сопатничка. Волим те“.
„Волим те“ го напишал токму така, како што велат на овие простори, со што покажа дека навистина го цени потеклото на својата партнерка.
Андреа Рајачиќ е по потекло од Сараево, а парот се запознал во Шпанија, каде што таа била во посета кај сестра ѝ. Објавата предизвика многубројни позитивни реакции, па во коментарите се редеа честитки како: „Среќен роденден и да ти се исполнат сите соништа“, „Искрени честитки“, „Прекрасни сте“ и „Да дочекате уште многу заедно“.
Анри и Рајачиќ ја потврдија својата врска во 2008 година, а заедно имаат три деца. Пред да ја запознае Андреа, фудбалерот четири години бил во брак со Клер Мери, од која се развел во 2007 година, според наводите на медиумите, поради неверство.