Додека сите парадираа во прескапи тоалети за да привлечат внимание, тој нѝ го украде срцето: Има само 6 години и сам шетал по црвениот тепих во своето мало, преслатко одело

Точка

12/01/2026

20:31

915

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на Златните глобуси се одржа синоќа и додека сите беа фокусирани на големите ѕвезди, гламурозните фустани и скапите тоалети, едно име апсолутно го украде целото внимание.

На црвениот тепих на 83-то доделување на Златните глобуси 2026, кои традиционално ја отвораат сезоната на филмски и телевизиски награди, се појави преслатко шестгодишно момче кое за миг ја освои публиката, фотографите и социјалните мрежи. Станува збор за Дјук Меклауд, малиот актер од фалената мини-серија „All Her Fault“, кој за многумина, без конкуренција, беше најдобро облечената ѕвезда на вечерта.


Златните глобуси и оваа година ги собраа најголемите имиња на филмската и телевизиската индустрија. Црвениот тепих беше преполн со раскошни фустани, внимателно кроени одела и модни моменти што ќе се анализираат со денови. Сепак, иако многу славни дами и познати актери воодушевија со своите изданија, публиката многу брзо доби еден јасен фаворит.

Дјук Меклауд, шестгодишниот актер кој во серијата „All Her Fault“ игра една од забележителните улоги, се појави на црвениот тепих во совршено скроено сино одело. Со елегантни црно-бели чевли, мало џебно марамче, брош и смарагден украс на реверот, Дјук изгледаше како да се симнал директно од модна писта, а не од снимање серија.


Фотографите беа воодушевени од неговата самодоверба, додека тој, со неодоливите руси локни и широката насмевка, позираше сосема природно, без трошка трема, како црвениот тепих да е негово секојдневно опкружување.

„Беше син и можев да носам накит“

Во текот на вечерта, Дјук разговараше со екипата на емисијата „Entertainment Tonight“, каде дополнително ги освои срцата на публиката. Искрено призна дека одлично се забавувал на скалите кои се дел од црвениот тепих, а кога го прашаа за неговиот стајлинг, рече:

„Имав проба за да видиме кој костум да го облечам“.

Но, тоа не беше сè. На прашањето зошто токму овој стајлинг го избрал, Дјук сосема шармантно објасни:


„Затоа што е син и затоа што можам да го носам овој накит. И имам мало џебно марамче“.

Едноставно, искрено и преслатко – токму онака како што само дете може да објасни модна одлука што го воодушеви целиот свет.

Малиот актер додаде и дека особено се радува на повторната средба со Сара Снук, ѕвездата на серијата, која оваа година беше номинирана за најдобра актерка во мини-серија. Како што рече:

„Таа беше навистина добра кон мене. Навистина добра. Си играше со мене, се смееше со мене. Беше навистина забавно“.


Ова, инаку, не е првпат Дјук Меклауд да блесне на црвениот тепих. Уште во ноември 2025 година, на премиерата на серијата „All Her Fault“, се појави во подеднакво впечатливо сино одело и тогаш покажа дека има префинето чувство за стил, но и исклучителна сигурност пред камерите.

И додека во наредните денови ќе се анализира кој што облекол, кој фустан бил најскап и кој дизајнер доминирал вечерта, едно е сигурно: Дјук Меклауд беше срцето на Златните глобуси 2026.