[ФОТО] Најдобрите модни изданија од доделувањето на Златните глобуси: Еве чии креации привлекоа најмногу внимание

Точка

12/01/2026

14:00

814

Големина на фонт

а а а

Холивудските ѕвезди за црвениот тепих на Златните глобуси избраа гламурозни креации, а меѓу најдобро облечените на синоќешната церемонија се најдоа Џенифер Лопез, Тејана Тејлор, Џенифер Лоренс и Селена Гомез.

Настанот се одржа во хотелот „Beverly Hilton“ во Лос Анџелес и донесе неколку навистина впечатливи модни изданија на црвениот тепих.

Додека во текот на вечерта филмот „One Battle After Another“ и серијата „Adolescence“ однесоа најмногу победи во различни категории, кога станува збор за славните дами кои оставија најсилен впечаток со своите аутфити на црвениот тепих, тоа беа Џенифер Лопез, Џенифер Лоренс, Тејана Тејлор, Селена Гомез, Теса Томпсон...

Џенифер Лоренс

Фустанот од „Givenchy“, со цветни апликации и транспарентни детали, беше еден од највпечатливите модни моменти на вечерта.


Селена Гомез

Гомез за доделувањето на Златните глобуси избра класичен изглед од „Chanel“, со црно кадифе и бело перје, евоцирајќи го гламурот на стариот Холивуд.


Кејт Хадсон

Таа носеше светкава сребрена креација од „Giorgio Armani Privé“, украсена со кристали и свилени реси кои создаваа ефект на движење. Изгледот го надополни со дијамантски обетки, нараквица и елегантна фризура во ниска пунџа.


Теса Томпсон

Теса Томпсон се појави во прекрасен фустан од „Balenciaga“, изработен од Пјерпаоло Пичоли, со извезени светкави детали во форма на рибји крлушки.


Тејана Тејлор

Ѕвездата на филмот „One Battle After Another“ и добитничка на наградата за најдобра споредна женска улога се појави во фустан од „Schiaparelli“ со изрез на грбот и голема панделка која го „покривала“ изрезот.


Џенифер Лопез

Таа изгледаше импресивно во винтиџ фустан од Жан-Луј Шерер, изработен од проѕирна ткаенина и украсен со чипкани детали.


Мајли Сајрус

Пејачката и актерка прошета во дизајн од „Saint Laurent“ со нагласени раменици и впечатливи очила, што модните критичари го опишаа како стилски храбар и силен избор.


Аманда Сејфрид

Таа носеше креација од „Atelier Versace“ во светла нијанса, искомбинирана со софистициран накит кој дополнително ја истакна класичната елеганција.


Британи Сноу

Сноу избра долг бел фустан без прерамки од „Danielle Frankel“ со елегантни, суптилни детали. Фустанот има благо нагласена структура и широк долен дел, а го надополни со дијамантски обетки кои дополнително го подигнаа софистицираниот изглед.


Зои Дојч

Таа се појави во бел фустан со длабоко деколте, со потпис на „Prada“, кој имал црни светкави детали во пределот на струкот.


Чејс Инфинити

Таа носеше спектакуларен фустан од „Louis Vuitton“, со светкави додатоци на горниот дел и долго црно кадифено здолниште. Горниот дел со рефлектирачки површини изгледаше како уметничка скулптура, а во комбинација со големи обетки и сјајни аксесоари создаде исклучително впечатлив и футуристички аутфит.


Памела Андерсон

Како водителка, таа изгледаше елегантно во бел топ од „Ferragamo“ со V-изрез и долго здолниште во неутрална боја, дополнето со ретро фризура која оставаше гламурозен впечаток.


Џена Ортега

Таа се одлучи за црн фустан со впечатливи изрези и реси од монистра на рамениците. Овој „edgy“ изглед го одразува нејзиниот препознатлив моден стил.


Еве дел од останатите креации на црвениот тепих: