[ФОТО] И божиќната погача и таа поубави од кога било: Ана Ивановиќ покажа како изгледа нејзиниот прв Божиќ по разводот од Бастијан

Точка

07/01/2026

15:29

3.319

Големина на фонт

а а а

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ никогаш не пропушта да им ги честита големите празници на своите следбеници од сите краишта на светот, па така и по повод Божиќ кој таа го слави упатила топли зборови до следбениците.

Ана позирала со убаво украсена божиќна погача во рацете, а ги покажала и традиционалните украси на празничната трпеза – бадникови гранчиња, пченица, како и ореви и пченка.

Славната спортистка како и вообичаено изгледала прекрасно во природно издание, со минимална дневна шминка, во темни фармерки, кафеава ролка и црно-бел краток кардиган од брендот „Alanui“, изработен од кашмир.

„Среќен Божиќ на сите, уживајте во денот со вашето семејство и пријателите. Мир Божји, Христос се роди“, напишала Ана на Инстаграм.


Ова е првиот Божиќ што Ивановиќ го слави по минатогодишниот развод од германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого претходно традиционално секоја година го честитала празникот со заеднички фотографии.


Потсетуваме, Ана и Бастијан беа заедно од 2014 година, а две години подоцна го изговориле судбоносното „да“ на романтична свадба во Венеција. Се сметаа за еден од најхармоничните спортски парови, а за време на заедничкиот живот добиле три деца.

Сепак, во текот на 2025 година светските медиуми пренесоа дека Швајнштајгерови се разведуваат. Првите навестувања за проблеми се појавија во јуни, кога германските медиуми објавија дека Швајнштајгер наводно има нова партнерка, а се шпекулираше дека таа врска започнала уште во текот на летото 2024 година. Набргу се дозна дека станува збор за Бугарката Силва Капетанов, со која поранешниот фудбалер подоцна бил забележан на одмор во Грција.


Во секој случај, поранешната српска тенисерка продолжила понатаму со тројцата синови што ги добила во бракот со фудбалерот – момчињата Лука, Леон и Тео, а посветена е и на својот приватен бизнис.

Како што открила по влегувањето во козметичката индустрија во поткастот „Alesto“, има во план повеќе деловни ангажмани.

„Имам неколку деловни проекти. Козметичката линија ми е нешто што ми е блиско до срцето. Тоа е нешто што јас самата го создадов, со помош на професионалци од таа област. Тоа е органска козметика. Отсекогаш сакав да се грижам за себе на природен начин, но често беше тешко да се најде нешто што е природно, што е органско. Сакав да создадам нешто за кое сто проценти знам од каде доаѓа и каков е квалитетот. Имам одличен тим, сакам тоа да се развива“, изјавила Ана.