[ВИДЕО] За што станува збор во филмот што беше прогласен за најдобар на „Critics Choice Awards 2026“?

Точка

05/01/2026

20:33

1.195

Големина на фонт

а а а

Филмот „One Battle After Another“ („Една битка по друга“) е прогласен за најдобар филм на доделувањето на наградите „Critics Choice 2026“, што се одржа во недела, 4 јануари.

Меѓу силната конкуренција, филмот на режисерот Пол Томас Андерсон ја однел победата пред уште девет други пофалени наслови.

Режисерот ја примил наградата и одржал емотивен говор

Режисерот Пол Томас Андерсон, кој во текот на вечерта ги освоил и наградите за најдобар режисер и за најдобро адаптирано сценарио, ја примил главната награда. „Ова се навистина фантастични, фантастични вести. Има многу одлични филмови. Одлично е да се биде во оваа сала. Одлично е да се биде дел од сето ова. Одлично е да се има оваа актерска екипа зад себе“,  рекол 55-годишниот Андерсон на сцената.


Во емотивниот говор, режисерот додал: „Би рекол дека ова е најубавото време што сум го поминал снимајќи филм и чувствувам дека тоа се гледа. Тоа е само сведоштво за работењето со луѓе што ги сакате. Зашто, како што некој претходно рече, ова е во ред и ова е забавно, но навистина станува збор за луѓето со кои работите. Тоа е сè што на крајот од денот е важно“.

За што станува збор во филмот?

Драмата „Една битка по друга“ е обемна приказна за револуција и за односот меѓу татко и ќерка, а главните улоги ги толкуваат Леонардо Дикаприо, Тејана Тејлор, Реџина Хол, Шон Пен и Чејс Инфинити. Филмот, кој е првиот проект на Андерсон по хитот „Licorice Pizza“ од 2021 година е достапен за гледање на стриминг сервисот „HBO Max“.


„Боб е пропаднат револуционер, постојано напушен и параноичен. Тој е припадник на вооружена група активисти која напаѓа притворни центри за мигранти на мексиканско-американската граница. Неговите неволји започнуваат кога ќе му исчезне ќерката Вила, а на сцената ќе се појави заколнат непријател од минатото“, стои во описот на филмот.

Филмот добил и бројни актерски номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобар актер за Дикаприо, како и за најдобра актерка за Инфинити. Бенисио дел Торо и Пен биле номинирани за најдобар спореден актер, а Тејлор за најдобра споредна актерка.


Кои други филмови биле во трка за наградата?

Другите филмови што биле во трка за наградата се: „Bugonia“, „Frankenstein“, „Hamnet“, „Jay Kelly“, „Marty Supreme“, „Sentimental Value“, „Sinners“, „Train Dreams“, „Wicked: For Good“.