Во годината што е зад нас, светски познатите се истакнаа со интересни модни изданија. Кога станува збор за настаните, најзначаен беше заминувањето на Ана Винтур од позицијата на главна уредничка на списанието „Vogue“.
Таа го трансформираше „Vogue“ во моќна „машина“ која поставуваше и уриваше модни трендови и дизајнери. На оваа позиција помина речиси 40 години. Таа наведе дека е време да им се даде поддршка на младите таленти и да се прифати еволуцијата на модниот свет, кој денес е фокусиран на дигиталните изданија.

Сепак, Ана Винтур не се повлече целосно. Во моментов работи како уметничка директорка и главна меѓународна директорка за содржини на компанијата „Condé Nast“ и „Vogue“.
Модната сцена остана без легендарниот италијански дизајнер Џорџо Армани, кој почина на 91-годишна возраст. Тој се смета за еден од највлијателните дизајнери на сите времиња. Најпрво се стекна со признание за својата работа со модната куќа „Cerruti“, пред во 1975 година да го основа сопствениот бренд.

Членовите на неговото семејство наведоа дека целиот живот го посветил на својата визија за безвременска елеганција и дека единственото нешто за кое жалел било тоа што работата ја ставал пред семејството.
Италијанскиот дизајнер Чезаре Пачоти почина на 69-годишна возраст. Тој ги дизајнираше високите потпетици во форма на бодеж, кои влегоа во историјата на модата. Занаетот го наследил од своите родители. Обувките од брендот „Paciotti“ ги носеа бројни познати личности, меѓу кои Бијонсе и Парис Хилтон.
Стана неизоставен дел од модните недели во Париз и Милано. Сандалите и чизмите обложени со крзно или кристали се само дел од неговите модни хитови. Се занимаваше и со дизајнирање облека. Во 2007 година го основа брендот „Paciotti 4US“.
Американската музичка ѕвезда Ријана во последните неколку години прерасна во модна икона и речиси секое нејзино модно издание привлекува внимание. На Мет галата таа откри дека повторно е бремена, а за таа пригода одбра впечатлива модна комбинација во црна и сива боја.

Креацијата беше припиена во горниот дел, додека здолништето имаше шлеп. Изгледот го надополни со шешир, крагна, кратко сако и високи шпицести потпетици.
Австралиската актерка Марго Роби на премиерата на филмот „A Big Bold Beautiful Journey“, одржана во септември 2025 година во Лондон, ги мамеше погледите во проѕирен фустан.
Станува збор за креација од колекцијата „Giorgio Armani Privé“, која воедно беше и омаж на споменатиот дизајнер.
На светски познатите личности не им недостигаше фантазија
Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан ги изненади сите појавувајќи се на „Academy Museum Gala“ со маска преку лицето. Станува збор за креација на „Maison Margiela“.
Фустанот го дизајнираше Глен Мартенс за споменатиот моден бренд. Изгледот го надополни со голем дијамантски ѓердан. Таа изјави дека ја одбрала оваа креација затоа што ја потсетува на дизајните на нејзиниот бренд „Skims“.
Иако носеше маска, истакна дека била нашминкана и со средена фризура. За шминката го ангажирала својот долгогодишен соработник и добар пријател Марио Дедивановиќ, со кого соработува со години.








