Скапотијата ја празни Бугарија – Македонците бараат подобар квалитет за истите пари

Денар

03/01/2026

15:03

3.447

Големина на фонт

а а а

Интересот за зимување во Бугарија е видливо намален оваа сезона. Туристичките агенции тврдат дека падот е генерален и не се однесува само на една или две дестинации, туку на целиот пакет кој до пред неколку години важеше за „стандардна“ зимска опција за македонските туристи.

Велат, едноставно е скапо, а луѓето пресметуваат повеќе отколку порано.

Некои агенции дури и се откажале од класичните понуди со однапред договорени аранжмани, бидејќи побарувачката паднала.

Наместо тоа, се работи „по мерка“, се бара сместување само ако клиентот има интерес и буџет.


Иако некогаш Бугарија важеше за најдостапна и најблиска алтернатива, денес веќе не изгледа така.

„Се чувствува дека на народот му е доста. Секое нешто поскапе, а зимскиот одмор прв отпадна од плановите кај многу семејства“, велат од една туристичка агенција во Скопје.

Според нив, дел од клиентите едноставно не сакаат да прифатат цена што не ја сметаат логична, други пак не сакаат да прават компромис со квалитетот за да ја добијат пониската цена што некогаш ја имаше.


Познавачи на туристичкиот пазар објаснуваат дека евтините летови од „Визер“ направиле тивка, но суштинска промена последниве години.

Сè поголем број Македонци одат директно на скијање во Австрија и во Италија, наместо во Боровец, Пампорово или Банско. Таму цените, како што велат, стартуваат од околу 70 евра по лице за ден – и се искачуваат нагоре зависно од сезоната и квалитетот на сместувањето.

Интересно е тоа што и покрај повисоките цени, дел туристи сметаат дека таму „барем знаат за што плаќаат“ – подобра инфраструктура, организирани патеки, појасни правила, немање „изненадувања“.


Еден искусен агент појаснува дека промената на вкусот не се случила преку ноќ, туку постепено, со секоја нова сезона во која бугарските аранжмани поскапувале, а авиобилетите од Скопје кон централна Европа станувале поевтини.

„Ако билетот за Виена е поевтин од патот со автомобил до Бугарија, нормално е дека ќе размислиш двапати“, вели тој и сред реченица си ги проверува резервациите на компјутерот… „еве, уште тројца бараат Италија, никој не праша за Банско денеска“.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.