[ВИДЕО] Го истетовирал датумот на венчавката, но направил урнебесна грешка: Неговата сопруга „умрела“ од смеење кога ја видела тетоважата

Точка

30/12/2025

13:16

964

Големина на фонт

а а а

Еден маж сакал со романтичен гест да ја изненади својата сопруга, но истиот излегол – урнебесен. Имено Кејлеб решил да го истетовира датумот на нивната венчавка, но направил голема грешка: на градите завршила сосема погрешна година.

Неговата сопруга Пејтен го снимила целиот момент и го споделила во урнебесно видео на ТикТок, каде приказната за кратко време стана вирална.

Виралната грешка го насмеа ТикТок

Пејтен го започнала видеото со семеен портрет и порака: „Понекогаш само треба да ги прочиташ пораките од својот сопруг и да продолжиш со својот ден!“. Потоа покажала скриншот од пораката што ѝ ја испратил сопругот – фотографија од новата тетоважа на неговите гради. На неа биле нејзиното име, слика од бик и датумот 07/02/24.

Проблемот е што парот не се венчал во 2024 година.


Нејзината реакција била кратка, но јасна. „Човеку“, му одговорила, а потоа додала: „Се венчавме во 2022, не во 2024.“ Во описот на видеото, Пејтен напишала дека плачела од смеење. „Првата тетоважа на Кејлеб ќе остане запаметена“, се пошегувала таа.

„Како можеш да промашиш две години?“

Коментарите веднаш почнале да се нижат, а луѓето масовно се шегувале на сметка на грешката.

„Само сакам да ја видам неговата реакција кога ќе сфати што направил“, напишала една личност, а Пејтен ѝ одговорила: „Јас: плачам од смеење, солзи ми течат по лицето; Кејлеб: псовки летаат на сите страни“.

Други додале: „Умирам“, „Како можеш да погрешиш цели две години?“ и „Барем тетоважата е добро направена“.

Луѓето ги споделиле и своите приказни

Многумина се пронашле во коментарите и споделиле свои приказни за тетоважи кои требале да бидат емотивни, а излегле – трајна срамота. „Мојот татко ми го тетовираше името и беше погрешно напишано“, напишала една корисничка. „Мојот татко сè уште има „јуни“ под мојот отпечаток од стапалото. Родена сум крајот на јули“, додала друга.

Една личност раскажала како нејзината мајка го истетовирала списокот на децата на долниот дел од грбот, но нејзиното име погрешно ѝ било напишано.


Двајцата го одобриле шаблонот

Во изјава за „Fabulous Online“, Пејтен открила уште еден детаљ што ја прави целата приказна уште посмешна: била со Кејлеб во салонот и заедно го одобриле дизајнот на шаблонот пред да започне тетовирањето.

Додека тој се тетовирал, Пејтен отишла дома поради нивната ќерка, а Кејлеб ѝ пратил фотографија од готовата тетоважа. Тогаш Пејтен забележала дека пишува 2024 наместо 2022. Вели дека не се вознемириле многу.

„Искрено, цела ноќ се смеевме, што можевме да направиме во тој момент?“, рекла таа. На крај, Кејлеб ја „поправил“ тетоважата со тоа што ја прекрил погрешната година со голем крст, а подолу го додал точниот датум. За да докаже дека тетоважата е вистинска, објавил и видео во кое ја трие – чисто за луѓето да престанат со теориите на заговор.