Интер го искористи подарокот на Аталанта и го освои Бергамо

Дерби

29/12/2025

11:56

157

Големина на фонт

а а а

Интер ја продолжи долгата позитивна серија во меѓусебните дуели со Аталанта и вечерва стигна до многу важна, минимална победа во Бергамо (0:1).

Двете екипи имаа по неколку сериозни обиди, по еден поништен погодок поради офсајд, но решавачкиот момент дојде дури по една грешка на одбраната на домаќините.

Џимсити лошо додаде во опасната зона, до топката дојде Еспозито, а тој му асистираше на Лаутаро Мартинез, кој пак не погреши и го постигна голот што донесе три бода.

Со оваа победа, Интер се врати на врвот во Серија А и таму ќе ја дочеката новата 2026 година, со еден бод повеќе од Милан и два бода повеќе од Наполи.

Голот можете да го видите ТУКА.