Вардар ќе ја повлече „единаесетката“ во чест на Рингов, иницијатива јужната трибина да го добие името на легендарниот ас

Дерби

28/12/2025

15:47

201

Големина на фонт

а а а

Македонија пред неколку денови остана без една од најголемите фудбалски икони, големиот Васил Рингов кој по кратко боледување почина во 70. година од животот.

Заминувањето на Рингов остава празнина на фудбалската и воедно спортската сцена во нашата земја. Денеска Вардар, клубот за кого Васе настапуваше со успех во три мандати одржа комеморативна седница во негова чест.


На истата беше откриено дека клубот одлучил да го повлече дресот со број единаесет, бројката со која струмичанецот играше со огромен успех за „црвено-црните“. Моментално таа бројка ја има младинскиот репрезентативец Димитар Данев.


Воедно од најтрофејниот македонски тим посочија дека ќе поднесат иницијатива јужната трибина на градскиот стадион во Скопје (арената Тодор Проески) да го носи името Васил Рингов.