Џонс избра легенда на Челси како најтежок противник: Не можев да играм против него

Дерби

29/12/2025

12:45

209

Големина на фонт

а а а

Фил Џонс мина 12 години на „Олд Трафорд“ пред да се повлече од професионалното играње фудбал поради низа тешки и хронични повреди, а во период кога се ближат три години од неговото повлекување, поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед се наврати на убавите и лоши спомени од ривалите во Премиер лигата.

Играчот за кој Сер Алекс Фергусон предвиде дека ќе биде најдобар дефанзивец во Англија немаше среќа со повредите и тие направија да му тргне кариерата во целосно погрешен правец, но и во такви услови одигра повеќе од 200 натпревари за првиот тим на Јунајтед, што значи дека се соочи со голем број ѕвезди од Премиер лигата.

Џонс фати неколку ери на различни ѕвезди во англиската елита, но како што вели самиот, најтешко му било да игра против неверојатниот Еден Азар.

– Сум го кажал ова и во некои поткасти, ќе го кажам сега и тука. Едноставно не можев да играм против Еден Азар, тој беше мојот најтежок противник, – вели Џонс во интервјуто за клупската телевизија на Јунајтед.

– Имаше неколку сезони во кои едноставно не се играше против него. Имаше ниско тежиште, се обидував да го извадам од рамнотежа со сила и агресивност, но лесно ме измрдуваше и се ослободуваше од мене, – признава Џонс.