Лидс Јунајтед избегна од опасната зона на табелата со добрата серија на резултати пред крајот на годината, низа која заврши со реми против Сандерленд на гостински терен.
Натпреварот кој заврши 1:1 му го донесе деветтиот бод на Лидс на последните пет меча во Премиер лигата и така продолжи серијата без пораз, но за фудбалските фанови најважно е она што се случи во 47-та минута.
Лидс успеа да постигне израмнувачки гол на стартот на вториот дел, но реалноста е дека истиот сигурно ќе конкурира за гол на сезоната во Премиер лигата.
Причина за тоа не е лесната реализација на разиграниот Калвер-Луин, туку импресивната тимска акција која започна од голманот Лукас Пери, а заврши со напаѓачот.
Додавањето од чуварот на мрежата продолжи на левата страна каде беше Струјк, овој го проигра Гудмундсон кој додаде до Окафор, а атрактивното играње со пета на напаѓачот му остави простор на Штах да го проигра Аронсон на десната страна. Крилото на Лидс ја прифати топката и влезе во препознатлив продор, а потоа мајсторски го проигра Калвер Луин кој ја продолжи својата гол серија за 1:1.
😍 Simply beautiful! pic.twitter.com/6yxFbKXh4P
— Leeds United (@LUFC) December 28, 2025







