„Спорт“: На Тер Штеген му се нуди интересна опција во друг клуб во Ла Лига

Дерби

29/12/2025

11:26

179

Големина на фонт

а а а

Марк Андре Тер Штеген доби јасна порака дека ќе биде резерва на Жоан Гарсија до крајот на сезоната, а доколку Германецот сака да има било какви шанси за настап на мундијал, едноставно ќе мора да ја промени средината во претстојниот јануарски преоден рок.

Искусниот голман на Барса е играч со најдолг стаж во каталонскиот гигант и ужива статус на капитен во соблекувалната, но тоа дефинитивно е премала сатисфакција за играч од највисоко ниво, но и чии стремежи се навистина високи.

Во моменти кога дочека пензионирање од Мануел Нојер на репрезентативен план, Тер Штеген се мачи со повреди и со неиграње во својот клуб, па за зимскиот преоден рок, сега му се отвора опција која изгледа и звучи доста интересна.

Како што јавува каталонски „Спорт“, во овој момент најреална опција за Тер Штеген е Џирона, клуб кој очајно посакува нов голман за вториот дел од сезоната и кој е решен да тргне по Марк.

Угледниот весник од Барселона информира дека добриот однос меѓу двата клуба ќе ја олесни цела операција, а така Тер Штеген како позајмен голман би добил шанса да биде сигурен стартер и да се бори за настап на Светското првенство.