Гави го прекина молкот и го обележа со црвено месецот кога ќе се врати на терените

Дерби

29/12/2025

11:21

170

Големина на фонт

а а а

Пабло Гави остави зад себе тешка повреда на коленото поради преден вкрстен лигамент, а кога се доби впечаток дека се наметнува во стартниот тим на Ханси Флик на почетокот на оваа сезона, следеше нов шок за играчот за врска.

Иако во прв момент се презема конзервативен третман во период од неколку седмици, деталните испитувања покажаа дека Гави има посерозно оштетување на менискусот на коленото, повреда кога го натера Шпанецот одново да заврши „под нож“.

Гави веќе три месеци напорно работи и намалува етапи во процесот на рехабилитација, но сега реши после долго време да се огласи и да испрати оптимистичка порака пред Нова година.

– Досега ги исполнив сите рокови кои ми ги поставија и се оди според планот. Теоретски, треба да бидам подготвен за фудбал во петтиот месец од операцијата.

– Ги исполнувам роковите, а тоа значи дека треба да се вратам на крајот на месец февруари. Мора да се биде трпелив, не е лесно и најмногу ме боли што не можам да им помогнам на моите соиграчи кога имаат потреба од такво нешто. Се што сакам е да се опоравам, тоа е мој приоритет и ќе дадам се од себе за да го остварам тоа, – изјави Гави.