[ФОТО] Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Макфакс

29/12/2025

10:07

243

Големина на фонт

а а а

Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје при СВР Битола во координација со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода 51-годишниот А.А. од село Кишава, битолско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една автоматска пушка „М70АВ2″ од југословенско производство, една рамка за пушката и 258 куршуми калибар 7.62х39мм. Исто така, пронајдени се и четири ловечки пушки, еден пиштол, 78 ловечки патрони калибар 12мм, 50 куршуми калибар 8х57мм и 72 куршуми калибар 9мм.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.