Во француско село 30 соседи делат еден автомобил

Макфакс

28/12/2025

15:22

380

Големина на фонт

а а а

Во малото француско село Пон-де-Баре, со околу 300 жители, триесетина соседи одлучиле да делат еден заеднички автомобил, наместо секој да има свој. Станува збор за стар Citroën ZX, кој од приватно возило станал заеднички ресурс, пренесува „Ел Паис“.

Проектот не е поддржан од компанија или дигитална платформа, туку функционира врз основа на доверба и солидарност. Соседите плаќаат 25 центи по изминат километар, со што се покриваат само трошоците за гориво и одржување. Нема месечни членарини ниту резервации.

Клучевите од автомобилот се чуваат во локалниот бар, кој станал неформален центар на иницијативата. Освен што ги намалува трошоците и загадувањето, проектот, според жителите, придонел и за зајакнување на меѓусебните односи и чувството на заедништво во селото.

Примерот од Пон-де-Баре покажува дека одржливата мобилност е можна и без скапи решенија – понекогаш е доволно само поинаков начин на користење на автомобилите.