Единсон Кавани (38), еден од најдобрите напаѓачи во изминатите 15 години, објави дека ја заврши својата импресивна кариера.
Во богатата кариера, Кавани играше за својот Данубио, потоа стана легенда за Палермо и Наполи, бидејќи играше во Италија шест години, а потоа направи трансфер во ПСЖ во летото 2013 година за 64.500.000 евра.
Помина цели седум години во Париз, ги освои сите можни трофеи, освен Лигата на шампионите, а потоа играше за Манчестер Јунајтед и Валенсија, пред да замине во Бока Јуниорс, што е неговиот последен клуб.
Кавани е и легенда на уругвајската репрезентација, за која одигра 136 натпревари и постигна 58 гола.
Ако се погледне неговата клупска кариера, тој одигра дури 745 натпревари и постигна неверојатни 404 гола со 79 асистенции







