За да не ја активира клаузулата, Левандовски морал да престане да постигнува голови

Макфакс

27/12/2025

09:28

585

Големина на фонт

а а а

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023 во Барселона мораше да престане да постигнува голови, за неговиот клуб да не мора да му плаќа надомест на Баерн. Ова го откри авторот Себастијан Сташевски во биографијата што ја напиша во соработка со Левандовски.

„Бев свесен за ситуацијата во клубот. Во тој момент Барса гребеше за секое евро. Финансиски тоа не ме погоди, немав никакви проблеми со тоа. Но, постојано се прашував дали треба да постигнам гол или не.“

На почетокот на гореспоменатата сезона, Левандовски се пресели од Баерн во Барселона за 45 милиони евра. Тој имаше клаузула во договорот според која Барселона мора да му плати на Баерн дополнителни 2,5 милиони евра, доколку постигне повеќе од 25 гола во сезоната..

Бидејќи Барселона беше (и сè уште е) во финансиски проблеми, челниците на клубот му наредиле на Полјакот, да престане да постигнува голови, кога ќе дојде до бројката 23.

Медиумите потоа пишуваа за ненадеен пад на формата, но всушност тоа беше наредба од врвот. Дури и денес, на 37 години, Левандовски е одличен во Барселона кога не е повреден. Тој има девет настапи и седум гола во првенството оваа сезона.