Заслужено: Арман Дуплантис најдобар спортист на Европа во изборот на новинските агенции

Точка

27/12/2025

09:49

418

Големина на фонт

а а а

Шведскиот атлетичар, скокач со стап Арман Дуплантис, е избран за најдобар спортист на Европа за 2025 година во традиционалниот избор на европските новински агенции, кој го организира полската агенција „PAP“.

Дуплантис (26) убедливо победи со 184 поени, дури 41 повеќе од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и 50 повеќе од словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар. Во изборот, покрај „Tanjug“ и „PAP“, учествуваа уште 21 европска агенција.

Девет европски агенции му доделија на Дуплантис максимален број поени, а четири агенции го пласираа на втората позиција. Дуплантис оваа година на Светското првенство во Токио постави нов светски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи шест метри и 30 сантиметри.

Меѓу поранешните добитници на престижната награда се бројни великани на европскиот спорт: фудбалерот Кристијано Роналдо, тенисерот Рафаел Надал, атлетичарите Себастијан Коу и Сергеј Бубка, возачите во Формула 1 Мика Хакинен, Најџел Менсел, Себастијан Фетел, Михаел Шумахер и Луис Хамилтон, тенисерките Мартина Хингис, Ига Швјонтек и Штефи Граф, велосипедистот Еди Меркс, гимнастичарката Надја Команечи и многу други.