Владета Јеротиќ ја разоткрил вистината од која многумина бегаат: „Бог од човекот бара само едно, без тоа немаме спасение“

Точка

23/12/2025

15:56

1.218

Големина на фонт

а а а

Владета Јеротиќ, еден од најзначајните српски интелектуалци на 20. и почетокот на 21. век, зад себе оставил длабок и траен белег во културата, науката и духовниот живот.

За време на животот бил признат и наградуван лекар, невропсихијатар и психотерапевт, но и книжевник, теолог, сестран ерудит и академик на Српската академија на науките и уметностите. Тој почина, но неговите размислувања за човекот, Бог, верата и смислата на животот останаа силно присутни преку повеќе од 30-те книги кои ги објавил.


Иако се занимавал со различни области, многумина го паметат Владета Јеротиќ токму по неговите размислувања за христијанството, верата и внатрешниот живот на човекот. Неговите зборови често биле насочени кон совеста и самопреиспитувањето, особено кога говорел за односот на современиот човек кон Бог. Зборувајќи за атеистите, Бог и покајанието, Јеротиќ своевремено запишал мисла која и денес предизвикува силни реакции:

„Сè повеќе ми се чини дека сите атеисти, па и агностиците со првенствено материјалистички поглед на светот, не сакаат да ги препознаат своите гревови, или, и кога ќе ги препознаат, не сакаат да се покајат.“

Во тие зборови се огледува суштината на неговата духовна порака. Академик Јеротиќ сметал дека човекот не може да му се приближи на Бог без искрен увид во сопствената слабост и грешност, нагласувајќи дека тој увид не му е потребен на Бог, туку на самиот човек.


„Тој единствено од нас очекува љубов како слободен човечки одговор на непоимливата и безгранична Божја љубов. А до љубовта никогаш не можеме да стигнеме додека сме горди, моќни, властљубиви и славољубиви, себични и доволни самите на себе“, запишал Јеротиќ.

Неговите зборови звучат како своеобразно духовно завештание – повик на смиреност, самоспознавање и внатрешна промена, што Владета Јеротиќ го сметал за темел на секој вистински човечки и духовен раст.