[ВИДЕО] Наташа Петровска: „Проблем е кај мажите кога немаат пари – тогаш се исфрустрирани и знаат да те малтретираат“

Точка

22/12/2025

16:09

875

Големина на фонт

а а а

Сопственичката на скопскиот салон за убавина „Натела“, Наташа Петровска, неодамна гостуваше во емисијата „Stars Show“ на Канал 5, каде што отворено проговори за љубовта, хедонизмот, луксузот и односите меѓу мажите и жените.

Петровска искрено истакна дека парите никогаш не ѝ биле мерило за љубов:

„Јас знам да се заљубам во милионер и знам да се заљубам во некој што нема. Јас се заљубувам во душата, не се заљубувам во парите. Не сакам лажно да моралисувам и да викам дека сум, леле јас... Не. Сите сакаме пари, сите сакаме сѐ“.

Таа додава дека отворено ужива во животот и дека не бега од луксуз:

„Јас сум хедонист. Јас сум Бик во хороскоп, сакам убаво да јадам, убаво да шетам, баш сакам луксуз. Сакам скапи ташни, возам убава кола. Ако јас тоа сама не можам да си го дозволам, можеби ќе ми прија кога некој ќе ми помогне. Ама кога веќе можам сама да си го дозволам тоа, мене ми е важно да имам партнер којшто ќе ме надополни емотивно“.


Говорејќи за машко-женските односи, Петровска посочи дека најголем проблем меѓу партнерите настанува кога мажот нема финансиска стабилност:

„Проблем е кај мажите кога немаат, тогаш се исфрустрирани. Тој знае да те малтретира од тој аспект. Јас се осеќам супериорно, како што некогаш некој маж се осеќал покрај мене, кога сум била јас мала. Сега гледам какво е тоа убаво чувство да се чувствуваш супериорно, некогаш да се осеќаш ти дека си водич во нештото“.

И покрај искуството и успехот, Петровска признава дека најголема желба ѝ е вистинската љубов:

„Меѓутоа, јас сакам љубов, чиста љубов, стварно... И ќе умрам и пак ќе сакам љубов и нема да ја најдам до крајот на животот. Сакам детето да го родам со совршениот партнер, со најголемата моја љубов. А веќе годините си ги направив и јас се уште мечтаам за совршена љубов, неповторлива љубов“.

Со искреност и без влакна на јазикот, скопската бизнисменка уште еднаш покажа дека не стравува од вистината за себе - ниту за своите желби, ниту за своите стравови.