[ВИДЕО] Омилениот детски актер денес живее како бездомник: Се бори со зависност, глетки кои го кршат срцето

Точка

22/12/2025

11:30

2.504

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американски актер Тeјлор Чејс, кој беше ѕвезда на „Никелодеон“ (Nickelodeon), е снимен како живее како бездомник на улиците на Лос Анџелес. Видеото што кружи на социјалните мрежи ја растажи јавноста. Тeјлор Чејс беше најпознат по улогата на Мартин Кверли во ситкомот „Ned’s Declassified School Survival Guide“.

Жената која го снимила најпрво го прашала дали глумел на каналот на „Дизни“. „Никелодеон“, одговорил тој, додавајќи дека имал улога во споменатиот ситком.

Видеото ги растажи и неговите поранешни колеги, меѓу кои Даниел Кертис Ли, Девон Веркхајзер и Линдзи Шо.

„Не може многу да се направи, но би сакала да разговарам со него, да му покажам љубов и да го погледнам во очи. Ми недостига Тајлор, толку многу го сакам Тајлор“, изјави Шо.

По ова следуваа бројни реакции на социјалните мрежи.

„Жал ми е за него. Злоупотребувањето владее во таа индустрија. Се надевам дека ќе побара помош и ќе се отрезни“, „Неверојатно тажно. Холивуд ги „јаде“ младите. Не заборавајте да се помолите за зависник кој сè уште страда“, „Ова е она што Холивуд им го прави на луѓето, особено на децата“, се дел од коментарите на платформата Икс.

Тајлор Чејс исто така глумеше и во серијата „Everybody Hates Chris“ и во филмот „Good Time Max“.