Аморим: Немавме среќа, загуби подобриот тим на теренот

Дерби

22/12/2025

12:55

149

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед одигра во најмала рака рамноправен натпревар против Астон Вила и не ги користеше своите шанси, но во ситуација кога видовме два еврогола на Морган Роџерс, на крајот победата остана на „Вила парк“ во Бирмингем.

Астон Вила ја продолжи страшната серија и врза десетта победа во низа, но од друга страна, Јунајтед продолжи со непосакуваните резултати дури и на натпревар на кој изгледаше максимално рамноправно.

Рубен Аморим не го криеше разочарувањето од конечниот исход и поразот од 2:1, а во својата анализа по натпреварот, португалскиот стручњак нагласи дека Јунајтед бил подобар тим на теренот.

– Загуби подобриот тим на теренот. Немавме среќа во ниту една ситуација, дури ни со повредата на Бруно пред крајот на првиот дел. Иако игравме без него во второто полувреме, повторно бевме подобар тим на теренот.

– Добро ја блокиравме нивната транзиција, завршивме одлична работа, но два моменти на инспирација го решија мечот во нивна корист. Игравме разнолично, можеме да користиме различни стартни постави во зависност од противникот, па затоа сметам дека се подобруваме како тим. Заслуживме многу повеќе овојпат, бидејќи подобриот тим го загуби овој натпревар, – нагласи Аморим.