Матиќ жали за еден менаџер: Јунајтед беше на вистинскиот пат, но потоа следеше непотребен отказ…

Дерби

22/12/2025

13:56

411

Големина на фонт

а а а

Немања Матиќ не успеа да оствари ниту еден позначаен успех за време на петте години кои ги мина на „Олд Трафорд“, но во ерата во која се сменија неколку менаџери, Србинот беше еден од најстандардните играчи во тимот.

Матиќ беше доведен по инцијатива на Жозе Мурињо и имаше гарантирано место во стартниот тим на Португалецот, а истото продолжи и во ерата на Оле Гунар Солскјер кој тој ја смета за една од најдобрите во поновата историја на клубот.

Иако не се освои трофеј, Јунајтед играше допадлив фудбал и беше блиску до врвот на табелата, па од сегашна гледна точка, Матиќ вели дека раководството направило голема грешка со отказот кој му го врачи на Норвежанецот.

– Завршивме на второ и трето место под водство на Оле Гунар Солскјер, имаше добра атмосфера во тимот и никој не беше задоволен кога завршивме втори. Кога ќе се погледнат резултатите од сегашна гледна точка и ќе се направи споредба со сегашниот тим, се извлекува заклучок дека сме биле извонредни.

– Сметам дека Оле заслужи повеќе време, а кога велам Оле, мислам и на неговиот стручен штаб, најверните соработници. Тоа се Мајкл Карик и Киран МекКена. Тие го водеа Јунајтед на вистинскиот пат, а клубот реши да го отпуши поради кризата во одреден период. Оле и неговите соработници разбираа фудбал и навистина ми беше жал кога заработија отказ. Оле беше човек кој можеше да не води кон големи нешта, не се бунев дури и кога не бев негов прв избор во средниот ред. Тој направи играчите да бидат како едно, а фановите навистина уживаа во тој Јунајтед, – вели Матиќ во интеврјуто за „ФорФорТу“.