Американската пејачка Оливија Родриго и британскиот глумец Луис Партриџ, по две години заедно, ставија крај на својата љубовна врска, пишува „Пејџ сикс“.
Според извор близок до парот, последните неколку недели биле особено тешки за двајцата, па заеднички одлучиле дека во овој период е најдобро да тргнат по одделни патишта.
Наводно, Оливија била видно вознемирена поради раскинувањето и се расплакала на забава што ја организирала нејзината колешка Лили Ален во Лондон. Кога почнала да зборува за раскинувањето, емоциите ја совладале, а пријателите веднаш ѝ дале поддршка. Ситуацијата била многу тешка и тажна за неа.
„Тие беа толку прекрасен пар, па луѓето кои ги познаваа беа шокирани кога слушнаа. Не им беше лесно последните неколку недели и одлучија дека е подобро за сега да бидат разделени“, открил извор.
„Оливија беше на забавата на Лили и беше емотивна додека зборуваше за тоа. Пријателите се собраа околу неа, но беше прилично тешко. Во моментов е навистина тажно“, додал.
Во септември, Парџрич изјави дека се „многу среќни“
Интересно е што британскиот актер во септември, промовирајќи ја својата улога во серијата на Нетфликс „House of Guinness“, изјавил дека тој и Оливија се „многу среќни“ заедно. Тогаш додаде и дека не му пречи понекогаш да биде во нејзината сенка. За тоа што многумина го познаваа како „Господин Оливија Родриго“, за „Variety“ рекол: „Можам да се носам со тоа.“
Оливија Родриго и Луис Партриџ за првпат биле забележани заедно во јавноста во октомври 2023 година, кога ја прославиле Ноќта на вештерките во Лондон. Се запознале преку заеднички пријатели, по што почнале често да се допишуваат и брзо станале неразделни.
Во интервју дадено во септември оваа година, Партриџ истакна дека тој и Родриго се труделе својата врска да ја држат подалеку од јавноста и медиумското внимание.













