Американскиот претседател Доналд Трамп на својот последен политички собир со насобраните споделил низа необични и според многумина, несоодветни детали за долната облека на неговата сопруга Меланија.
Зборувајќи пред поддржувачите во Северна Каролина во петокот, 79-годишниот Трамп одеднаш отстапил од политичките теми за да се потсети на претресот на ФБИ во неговиот имот во Мар-а-Лаго во 2022 година.
Бизарен момент од политичкиот собир
За време на својот говор во Роки Маунт, Трамп, наместо да зборува за инфлацијата и внатрешната политика, почнал да ја дава својата верзија на настаните од август 2022 година. Осврнувајќи се на претресот на неговото луксузно одморалиште во Флорида, тој ѝ рекол на толпата дека агентите на ФБИ „влегле во плакарот на неговата сопруга“ и „погледнале во нејзините фиоки“.
Потоа следувал опис што многумина ги запрепастил. Трамп почнал да зборува за организациските навики на првата дама, тврдејќи дека нејзината долна облека била „совршено здиплена и уредно свиткана“ додавајќи ја својата претпоставка: „Мислам дека ги пегла на пареа“.
„Тој нема достоинство“
За кратко време оваа изјава на Трамп се проширила на социјалните мрежи и предизвикала бројни реакции.

Бројни корисниците на социјалните мрежи ја нарекле ситуацијата бизарна, невкусна и вознемирувачка. „Само тој може да премине од сериозни политички теми на гаќичките на Меланија. Достоинство? Што е тоа?“, напишал еден корисник. Други се прашувале како публиката може да се смее, додека некои заклучиле дека е „морничаво“ да се слуша политичар како јавно дискутира за интимната долна облека на својата сопруга.
„Маж кој дискутира за долната облека на својата сопруга на политички собир не треба да има моќ над една нација“, гласел еден коментар, кој го сумира мислењето на дел од јавноста.














