Детали од тајната венчавка на Жизел Бундшен: Тврдела дека не се во врска, па добија дете – сега го кажаа судбоносното „да“ на свој начин

Точка

20/12/2025

13:00

750

Големина на фонт

а а а

Жизел Бундшен, некогаш најплатената манекенка на планетата, повторно кажа „да“, според американските медиуми, овојпат на таткото на нејзиното трето дете кое го роди на почетокот на 2025 година.

Бразилската манекенка Жизел Бундшен се омажила во тајност за Жоаким Валенте, објави „Page Six“.

Познатата убавица и нејзиниот партнер се венчале дома, онака како што се однесуваа во нивната врска до сега: без никаков гламур, тајно, во интимна атмосфера, опкружени само со нивните најблиски пријатели и членови на семејството. Според инсајдер, Валенте е „воодушевен што конечно се венчале откако имаат заедничко дете“.


„TMZ“ пишува дека церемонијата се одржала на 3 декември, според венчалниот сертификат до кој новинарите на овој портал имале пристап, и дека била одржана во Серфсајд, Флорида.

Свадба 10 месеци по раѓањето на дете

Во февруари 2025 година, медиумите објавија дека Жизел се породила, а подоцна беше откриено дека третото дете на моделот е момче и дека се вика Ривер.

Таа веќе има син, Бенџамин и ќерка, Вивиен од бракот со ѕвездата на НФЛ, Том Брејди, од кого се разведе во 2022 година по 13 години брак.


Љубов родена од пријателство

Откако таа и Том Брејди објавија дека се разделуваат се појавија шпекулации дека Жизел е во врска со Жоаким Валенте, инструктор по џиу-џицу со кого поминувала многу време, што таа го негираше.

„Тоа е лага“, изјави таа за „Њујорк тајмс“ во 2024 година, кога се шпекулираше дека Жизел го изневерила Брејди.

Како што објавија медиумите, моделот долго време се дружел со Валенте пред да се заљубат.