Го надминала дури и Пи Диди: Таа е најомразената позната личност во 2025 година, и тоа четврта година по ред

Точка

21/12/2025

12:14

1.035

Големина на фонт

а а а

Популарниот сајт „Ranker“, кој нуди платформа за рангирање врз основа на гласовите на читателите во различни области, како што се брендови, индустријата за забава, спорт, храна, секоја година ѝ нуди на својата публика да гласа за најомразените познати личности.

„Секоја од овие личности успеа да се истакне со своите постапки и да го сврти јавното мислење против себе“ се наведува во описот на анкетата.

Година по година, читателите можат да гласаат за ѕвездите кои им се најантипатични, а четири години по ред, едно име е на врвот.

Меган Маркл најомразената позната личност на годината

И оваа година Меган Маркл, војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, самоуверено го држи првото место и моментално има повеќе од 38.700 гласови.


Инаку, на самиот врв е и нејзиниот сопруг, кој го освоил петтото место, со повеќе од 32.800 гласови.

Дури и Пи Диди е помалку омразен

На второто место се најде Шон Комбс, попознат како Пи Диди, кој има повеќе од 24.600 гласови. Во изминатата година, против него се поведени огромен број обвиненија за силување, сексуална злоупотреба, ставање дрога во пијалаците на мажи и жени.


Неодамна беше осуден за транспорт за проституција и осуден на 50 месеци затвор, но се очекува повторно да му се суди поради бројните тужби поднесени во меѓувреме.

Сепак, сето тоа не било доволно за да го направи најомразената позната личност во 2025 година.

Кои ѕвезди луѓето не можеле да ги поднесат во 2025 година?

На третото место е Џејда Пинкет-Смит, сопругата на Вил Смит, актерка, водителка на поткасти и деловна жена, која собрала повеќе од 18.100 гласови.


Меѓу првите десет на листата има уште жени, вкупно шест.

10-те најомразени познати личности во 2025 година на веб-страницата „Ranker“:

1. Меган, војвотка од Сасекс

2. Шон Комбс

3. Џејда Пинкет-Смит

4. Елен Деџенерес

5. Принц Хари, војвода од Сасекс

6. Опра Винфри

7. Бил Козби

8. Амбер Херд

9. Криси Тајген

10. Џејмс Чарлс.


Потоа следуваат Ким Кардашијан, Крис Џенер, Крис Браун, Канје Вест, Џејк Пол, Хилари Болдвин, Вуди Ален, Џејмс Корден, Марк Закерберг, Џеј Зи, Ендру Тејт… Во анкетата биле понудени најмалку 100 познати личности, а интересно е што сите членови на семејството Кардашијан-Џенер се најдоа во првата половина од листата.